Пакистан: Четворица загинаа во експлозија на автомобил-бомба

Од:

Најмалку четири лица загинаа, а 20 се ранети денес во експлозија на автомобил-бомба во близина на пазар во пакистанскиот град Кила Абдула во покраината Белуџистан, која граничи со Авганистан, изјави локалниот заменик-полициски комесар Абдула Ријаз.

Тој исто така рече дека експлозијата во југозападниот пакистански град, која се случила синоќа, го оштетила надворешниот ѕид на блиската зграда, објави АП.

Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, но се сомнева дека се работи за етнички Белуџистански сепаратисти, кои често ги напаѓаат безбедносните сили и цивилите во Белуџистан и други делови на Пакистан.

Би можело да ве интересира

Исламабад застана зад Техеран во обидите за стабилност

ВИДЕО: Нереди во Ирак и во Пакистан, обиди за упад во американските амбасади

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Повторно војна Авганистан-Пакистан: Експлозии во Кабул

Светот e загрижен поради создавањето на нов воен пакт

Судири на границата меѓу Авганистан и Пакистан

(ВИДЕО) Огромна експлозија во Пакистан, најмалку 25 мртви

А1он