Пахор е за кофинансирање и зачувување на словенечката новинска агенција СТА

Од:

Словенечката новинска агенција (СТА) извршува важна задача и нејзиниот опстанок не смее да биде доведен во прашање, изјави словенечкиот претседател Борут Пахор, откако словенечката Влада денеска соопшти дека одбива повеќе да ја финансира.

Хрватскиот портал Индекс јавува дека за проблемот Пахор вчера и денеска одделно разговараше со директорот на СТА, Бојан Веселиновиќ, и со директорот на владината канцеларија за печат и комуникации, Урош Урбанија.

Владината канцеларија е овластена да исплаќа буџетски средства за работењето на СТА, во која државата е основач, и годишно ја кофинансира со два милона евра.

Владата на Јанез Јанша во понеделеникот донесе одлука дека веќе нема услови за извршување на договорот меѓу државата и агенцијата СТА за 2021 година, а не беа исплатени ниту субвенции за октомври, што, според СТА, ја доведува во прашање нејзината иднина.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија