Падот на Берлинскиот ѕид продолжува да е најдобрата можност за регионот

Од:

Во својата нова книга „Проблемот со историјата“, смелиот полски интелектуалец и дисидент од времето на комунизмот, Адам Михник, пишува: „Во Будимпешта во октомври 1956 година, ги бесеа послушниците на комунистичкиот апарат по уличните канделабри. Во Полска во 1989 година, не беше скршен ниту еден прозорец, а диктатурата беше сменета преку гласање“.

Дури и со дистанца од 25 години кои минаа од паѓањето на Берлинскиот ѕид – настан кој го промени светот – восхитеност буди токму цивилизираниот начин на кој луѓето во Полска, Унгарија, Источна Германија и Чехословачка ги отфрлија (сеоја на различен степен со помош на реформатори во апаратот на власта) комунистичките режими кои ги тормозеа од крајот на четириесетите години на 20-иот век.

Мирната промена, која доведе до повторното раѓање на Полска и Унгарија, обединувањето на Источна и Западна Германија во 1990 година, и „нежниот развод“ со кој во 1993 година Чехословачка се подели на чешка и словачка држава, беше предуслов за успехот на секоја од тие држави. Таму каде крајот на комунизмот беше спроведен со насилство, како во поранешна Југгославија, напредокот е понерамномерен.

Заедничкиот именител „Источна Европа“ немаше особена смисла за време на комунистичката епоха, имајќи ги во предвид очевидните разлики меѓу тие држави во однос на историјата, економијата, етничкиот состав, еднопартискиот систем и односите со Москва. Денес сето тоа е уште побесмислено – освен доколку си ја остваруваат својата безбедност и просперитет во Нато и ЕУ, на кои се членки или партнери.

Како што рече првиот заменик директор на Меѓународниот монетарен фонд, Дејвид Липтон, во извештајот на ММФ „25 години транзиција“: „По години изолација од западниот економски систем и по изопаченостите и лишувањата во комунистичкиот систем, повеќето граѓани само сакаа да живеат во нормална држава со нормална економија, а ако се има во предвид нивната историја и географија, таа визија се одрази во нивниот стремеж кон интеграција со западна Европа“.

Но не се во регионот е „нормално“. БДП по глава на жител во Полска, кој во извесна смисла е со најдобрите перформанси во економијата, е малку над половината од тој во Германија. Тоа е големо подобрување во однос на 1989 година, кога тој изнесуваше околу една третина, но има уште доста да се работи.

Унгарија спроведуваше умерена форма на „гулаш комунизам“ кој добро се одрази на демократското доба по 1989 година. Сега владата на премиерот Виктор Орбан е обвинувана за склоност кон авторитаризам, дури и од сојузниците на Унгарија, меѓу кои и САД. Во другите држави владите во посткомунистичата епоха се маќат со корупцијата, организираниот криминал и со политичкото влијание врз судскиот систем.

Во регионот, посебно во Полска и балтичките држави, се засилува немирот заради надворешната и воената политика на Русија – за разлика од 1989 година. Затоа што револуциите кои се случија во текот на таа година никогаш немаше да се остварат без крвопролевања, ако реформаторски настроениот лидер на Кремљ, Михаил Горбачов, не се откажеше да употреби сила – и тоа надвор од советските граници – за да ја зачува европската империја која беше завојувана во Втората светска војна.

Важни беа и два други фактори. Опозициските водачи, како чешкиот мислител и драматург Вацлав Хавел, и полскиот електричар од бродоградителството и лидер на „Солидарност, Лех Валенса, беа силни приврзеници на ненасилството – истото важеше за продемократските активисти во Источна Германија, кои научија многу од мирното движење во Западна Германија во осумдесетите години на 20-иот век.

Освен тоа, насилното преселување во 1945 на милиони етнички германци кои ги напуштија Чехословачка и Полска, и овозможи на демократијата да дојде до чувство на повторна родена идентичност, која произлезе од единството на населението. За разлика од нив, поранешна Југославија – и во помал степен Бугарија со нејзинито турско малцинство – изродија етнички сопреништва кои беа манипуларини од исплашените комунистички елити, кои играа на националистичка карта.

Југославија се распадна со долго крвопролевање, што потсетуваше на четириесетите години од 20-иот век. Во него учествува срби, хрвати, босански муслимани, македонци и косовски етнички Албанци. Словенија излезе со среќа, откако ја избегна судбината на Босна и Херцеговина, Хрватска и Косово, заради тоа што таму живееја малку Срби.

И надвор од Југославија крајот на комунизмот не беше сосема мирен. Стотици луѓе беа убиени во декември 1989 година, при револуцијата кога беше сменет од власта Николај Чаушеску кој диктаторски управуваше со Романија заедно со неговата сопруга Елена во текот на половина од комунистичката епоха, како некаков византиски император кој страда од манија за величие. Смртоносни ситуации имаше и во Латвија и Литванија, во јануари 1991 година, кога советските сили ги нападнаа балтичките патриоти кои бараа независност.

Историјата на регионот си носи страшни лузни од насилствата и од туѓото владеење. Но револуциите од 1989 година беа и продолжуваат да се најдобрата можност брзо и засекогаш да се излекуваат тие рани.

Фајненшел тајмс – Лондон

 

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија