Фејсбук, Инстаграм и WhatsApp се недостапни попладнево за корисниците во Европа, Америка и делови од Азија.
Сите три социјални мрежи, кои се сопственост на Фејбук имаат проблеми од 11 часот утринава.
Корисниците на Фејсбук не се во можност да пристапат до веб-страницата и апликацијата на социјалната мрежа, која има проблеми со офлајн серверите.
Исчезнувањето на Фејсбук започна претходно утрово а корисниците го преплавија останатите социјални медиуми велејќи дека не можат да се најават.
Мониторинг веб-страницата downdetector.co.uk доби стотици жалби низ Велика Британија и Европа.