Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека се договорил со рускиот лидер Владимир Путин за гасен центар, за Европа да може да добива руски гас преку Турција.
„Сега Европа размислува како да се обезбеди со енергија во претстојната зима. Ние, фала богу, немаме таков проблем. Згора на тоа, на нашата последна средба со господинот Путин, се договоривме за создавање на гасен центар во Турција. Како што самиот најави, Европа може да користи руски гас преку Турција“, рече Ердоган на состанокот на неговата партија во парламентот.
Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија би можела да го префрли транзитот на гас од „Северен тек“ во регионот на Црното Море и Турција. За идејата разговарал и со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, а биле дадени наредби ова прашање детално и итно да се разгледа.