Пад на акциите на Apple по промоцијата на iPad mini

Од:

Акцијата на американскиот технолошки гигант Apple на берзата Nasdaq падна за 2,9 отсто во вторникот, по презентацијата на новиот производ на компанијата – таблетот iPad mini и низата други обновени продукти, покажуваат податоците од берзата.

Акцијата на Apple во понеделникот го заврши тргувањето на ниво од 634 долари за акција. Пред презентацијата на компанијата, со нејзината акција во вторникот се тргуваше во опсегот од 622 до 633 долари, но по околу 20 минути откако заврши претставувањето на новитетите во Сан Хозе, (околу 14.20 часот според времето на Источниот брег на САД), акцијата на Apple достигна ниво од 615,91 долари за акција Ц, за 2,9 отсто помалку отколку во понеделникот.

Една од причините за овој пад може да биде повисоката од очекуваната цена на iPad mini, новиот таблет чија продажба во САД и повеќе странки земји ќе започне на 2-ри ноември по цена од 329 американски долари за моделот со 16 GB меморија и wi-fi модул. Овој уред треба да му овозможи на Apple да стане поконкурентен со таблетите со пониска цена кои функционираат на платформата Google Android, чијашто цена за моделите со основна конфигурација не надминува 200 долари.

Во текот на последнииот час од тргувањето во вторникот, акциите на Apple успеа да надомести дел од изгубената вредност, на момент качувајќи се до вредноста од околу 626 долари, покажуваат податоците од Nasdaq.

Покрај новиот iPad, Apple во вторникот ги претстави и новите модели на десктоп компјутери моноблок iMac, без оптички уред, компактниот десктоп Mac Mini, како и Retina-верзијата на лаптопот MacBook Pro со 13-инчен екран со висока резолуција.

Според најновите податоци од пазарите, капитализацијата на Apple, една од најскапите компании во светот, изнесува повеќе од 580 милијарди долари. Просечната целена цена на акциите, којашто ја прогнозираа аналитичарите за цената на хартиите од вредност на Apple, за наредните 12 месеци изнесува околу 788 американски долари.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска