Озрачени десет работници од оштетената нуклеарна централа „Фукушима“

Од:

Компанијата „Токио електрик пауер“, која управува со хаварисаната нуклеарна централа „Фукушима“, денеска соопшти дека десет вработени, кои работеле на расчистувањето биле изложени на мала доза радијација, што е регистрирано на нивните лица и коса.


Во тек е истрага за условите во кои дошло до озрачување на работниците. Како можна причина се наведува радиоактивна прашина.


Силниот земјотрес и последователното цунами во март 2011 година го оштетија погонскиот дел и системот за ладење на нуклеарната централа во Фукушима, по што дојде и до значителна радијација.


По несреќата за ладење на реакторите се користи импровизирана опрема, а истекувањето на контаминирана вода претставува голем проблем.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија