Озер: Во своите напори да постигне мировен договор, Трамп ќе употреби и притисок врз европските сојузници

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп, во своите напори да постигне мировен договор за Украина, е подготвен да употреби притисок и закани врз европските сојузници, изјави турскиот политиколог Енгин Озер, пренесува РИА Новости.

Според него, прекин на огнот меѓу Русија и Украина ќе се постигне со посредство на САД, но не треба да се очекува самитот во Алјаска да донесе итно објавување за крај на војната. „Би било наивно да се мисли дека самитот ќе резултира со изјава: „Постигнавме договор, војната е завршена“, рече Озер.

Озер вели дека Трамп ќе го презентира конечниот текст на мировниот договор пред европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Американскиот претседател ќе им се закани на Европејците и ќе ги повика да извршат притисок врз Киев, а самиот процес ќе продолжи“, нагласи аналитичарот.

Претходно, Трамп изјави дека Зеленски има можност веднаш да го прекине украинскиот конфликт, но под услов Украина да се откаже од Крим и членството во НАТО.

За потсетување, претседателите на Украина и САД ќе се сретнат денес, 18 август, во Белата куќа. По пристигнувањето во Вашингтон, Зеленски му се заблагодари на американскиот лидер за поканата.

Би можело да ве интересира

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Лондон подготвува санкции за израелските населби, Трамп не се спротивстави

Вајдел по разговорот Путин – Трамп: „Со нас сè ќе се промени“

Горан Наумовски

Палиса: Путин постави рок за освојување на Доњецк – руската војска бара одложување

Горан Наумовски

Путин возвраќа: Русија го затвора германскиот конзулат и „Гете-институтот“

A1on

Поранешен шеф на МИ6: „Траен мир во Украина е невозможен додека Путин е на власт“