Ова е најгрдото суштество на планетата

Од:

Рибата psychrolutes marcidus е избрана за најгрдото животно на светот и стана официјална маскота на Друштвото за зачувување на грдите животни.

Ова друштво покрена кампања за избори на најгрдо суштество за да се привлече внимание кон „естетски проблематичните” загрозени животински видови. Победникот беше прогласен на Британскиот научен фестивал кој се одржа во Њукасл, пишува BBC.

Рибата psychrolutes marcidus, (на англиски blobfish, додека на македонски нема име), победи во конкуренција на мајмуните со големи носови, „изгужваните” жаби, срамните вошки и други неубави животни.

Биологот Сајмон Волт, претседателот на Друштвото за зачувување грди животни, изјави за BBC оти се надева дека оваа кампања ќе го привлече вниманието на заканите по опстанокот на овие чудни, но прекрасни суштества.

„Нашиот традиционален пристап за заштита на животните е егоистичен. Ги штитиме оние животни со коишто можеме да се поврземе бидејќи се ‘слатки’, како што се пандите. Немам ништо против пандите, но тие имаа свои љубители. На овие животни им е потребна целата помош”, вели Волт коментирајќи го „промашениот пристап” во грижата за загрозените видови.

„Ова е најдепресивниот вид на науките. Главно се сведува на прашањето: Кој изумре денеска?”, додава Волт искажувајќи надеж дека оваа „комична” кампања ќе помогне во борбата за заштита на загрозените видови.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ