Отворено писмо на Меј до граѓаните на ЕУ кои живеат во Велика Британија

Од:

Пред средбата на лидерите на Европската унија во Брисел, британската премиерка Тереза Меј упати отворено писмо до граѓаните на ЕУ кои живеат во Велика Британија.

– Додека денеска патувам кон Брисел, знам дека многу луѓе очекуваат од нас, лидерите на 28-те земји членки на Унијата, да покажеме дека ги ставаме луѓето на прво место. Во изјавите досега јасно истакнав дека правото на граѓаните ми се приоритет. Знам дека колегите од другите земји на ЕУ ја имаат истата цел, да ги заштитат правата на европските граѓани на територијата на Велика Британија, како и на британските граѓани во ЕУ, пишува Меј.

Таа понатаму, верува дека ова ќе продолжи да биде приоритет и дека ќе се постигнува консензус за основните принципи. Нејзиниот фокус во наредните недели ќе биде на постигнување договор кој е добар, како за луѓето во Обединетото Кралство, така и за оние во ЕУ.

– На почетокот од овој процес некои не обвинија дека европските граѓани ги третираме како „предмет за раземена“ во преговорите. Тое е многу далеку од вистината. Европските граѓани кои се на територијата на Велика Британија исклучително многу придонесуваат за нашата земја. И ние сакаме тие и нивните семејства да останат тука. Не би можела да кажам појасно: Европските граѓани кои законски престојуваат на територијата на Обединетото Кралство денес ќе можат да продолжат да живеат тука, тврди Меј.

Според неа, со договорот ќе се разјасни не само нивниот статус, туку и здравственото осигурување, пензиите, и други социјални бенефиции.

– Тоа што останува да биде завршено е изјаснување по неколку важни точки. Во оваа етапа од преговорите, тоа е сосема очекувано. Блиску сме до постигнување на договор. Знам дека и двете страни ќе пристапат со отвореност кон предлозите на другата страна. Уверена сум дека со флексибилноста и капацитетот на двете страни ќе можеме да ги завршиме разговорите во врска со правата на граѓаните во следните неколку недели, наведе Меј.

Таа информира дека во моментов се работи на усовршување на дегитализиран процес за они кои во иднина ќе аплицираат за жителство во Велика Британија. При тоа се води сметка за потребите на граѓаните со кои ќе се води дијалог на секој чекор од развојот на процесот.

Според неа, цената ќе биде најниска што може и не повисока од цената за британски пасош. Критериумите ќе бидат јасни и транспарентни и во целосна согласност со договорот.

За да се гарантира разработувањето на системот во рок, британската Влада ќе создаде група во која ќе учествуваат европски граѓани кои живеа во Велика Британија и експерти за дигитализација, технологија и правни прашања. Оваа група ќе одржува редовни состаноци за да се гарантира дека процесот е транспарентет и ги задоволува нивните потреби.

– На чисто сме дека британските граѓани кои живеат на територијата на ЕУ ќе имаат слични забелешки во врска со евентуалната промена на процедурите откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ. Постојано го покренуваме ова прашање за време на преговорите. Би сакале да работиме во тесна соработка со земјите членки на ЕУ со цел нивните процедури да бидат исто толку усовршени, пишува Меј.

Таа, на крајот истакнува дека сака луѓето да останат во земјата и семејствата да останат заедно. Велика Британија многу ги цени придобивките на европските граѓани за економската, социјалната, и културната заедница на земјата.

– Убедена сум дека и земјите-членки исто така, многу ги ценат британските граѓани кои живеат во нивните заедници. Се надевам дека тие гаранции како и они дадени од Велика Британија и од Европската комисија, на минатата седница, уште повеќе ќе им разјаснат на четири милиони лица, чија вознемиреност од Брегзит врз нивната иднина е разбирлива, заклучи британската премиерка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ