Отворени гласачките места за парламентарните избори во Пакистан

Од:

До 15 часот по средноевропско време ќе бидат отворени сите 85.000 гласачки места во Пакистан за парламентарните избори кои се одржуваат под силни безбедносни мерки.

Околу 106 милиони гласачки од 207 милиони жители имаат право да го дадат својот глас за избор на пратеници во идниот петгодишен состав на Парламентот. Победникот на изборите ќе има можност да формира влада. Првите резултати се очекуваат во текот на ноќта.

На пакистанските избори ќе има голем број партии, меѓу кои и оние што имаат поддршка од контраверзни клерици до оние на кои на чело се политичари од трета генерација.

Главни протагонисти на изборите се три групи предводени од поранешиот премиер Наваз Шариф, поранешниот претседател Асиф Али Зардари и спортската ѕвезда Имран Кан.

– Тие се јасни фаворити и сите останати ќе мора да се здружат со еден од нив тројца за можна коалициска Влада, вели аналитичарот Ирфан Шехзад.

Фамилијата на Наваз Шариф беше дел од проблематичната пакистанска политичка историја во изминатите четири децении.

Шариф беше избран за пакистански премиер во три мандати. Двапати во текот на 90-тите и еднаш од 2013 до минатата година. Во сите три случаи беше принуден да замине од премиерската функција.

Моќната пакистанска армија двапати го понижи и затвори, а во 2000 година беше и протеран. Шариф и неговата ќерка Маријам Наваз сега се осудени за корупција во аферата Панама Пејпрс во 2016 година.

Поранешниот помлад брат Шехбаз Шариф, кој двапати беше избран за главен министер на провинцијата Пенџаб, сега води камања за иден премиер.

Партијата на Шариф, Муслиманска лига – Наваз според анкетите има блага предност пред партијата на Имран Кан, негов најблизок противник

Поранешната ѕвезда во крикет, Имран Кан кој го донесе Пакистан до победа на Светското првенство во 1992 година е вклучен во политиката на Пакистан повеќе од две децении. Кан меѓутоа не беше клучен играч се додека неговата партија Пакистанско движење за правда не победи на изборите во 2013 година.

Тој поднесе тужби до Врховниот суд против семејството Шариф по аферата Панамски документи и води кампања со нагласок дека „ја урнал најкорумпираната личност во историјата“.

Третиот голем протагонист на изборите е пакистанската Народна партија формирана во 60-те години од првиот демократски избран пакистански премиер Зулфикар Али Буто врз основа на воглавно социјалистичка програма.

Неговата ќерка Беназир Буто беше премиерка во 90-тие години и беше лидер за партија се до нејзиното убиство во 2008 година само неколку недели пред националните избори. Сега нејзиниот син Билавал Буто (30) води кампања за да ја оживее некогаш доминантната партија која беше тешко погодена од 2013 година.

Според аналитичари најверојатно ниту една партија нема да може да формира национална влада освен ако не биде дел од некој сојуз.

Асиф Али Зардари, влијателен поранешен заменик на претседателот на партијата, беше прв избран претседател на држава кој го заврши својот мандат и тој по случајот Панамски документи гласно бараше оставка од неговиот долгогодишен политички ривал Шариф.

Во аферата тогашниот пакистанскиот премиер Наваз Шариф беше обвинет дека контролира офшор компании и преку адвокатска фирма крие пари во даночни оази.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица