Отворен оган во демилитаризираната зона меѓу Јужна и Северна Кореја

Од:

Северна Кореја утринава отворила оган врз јужнокорејска единица во демилитаризираната зона, јавуваат јужнокорејските медиуми.

Цел на пукањето биле звучници во регионот на поделба во западниот дел на границата, од кои во изминатите неколку дена се пуштала пропаганда, насочена против Пјонгјанг.

Не е утврден видот на оружјето, со кој е извршен нападот. Јужнокорејското Министерство за одбрана започна истрага за инцидентот.

Јужна Кореја отворила артилериски оган кон изворот на оган од Северна Кореја во западниот дел на меѓусебната граница. Министерството за одбрана во Сеул соопшти дека биле испукани десетици гранати со 155 милиметарски топови.

Непосредно по објавување на информациите за инцидентот во Јужна Кореја е регистриран остар пад на националната валута во однос на доларот.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета