Отворен најголемиот судски случај против екстремизам во Белгија

Од:

Во Белгија денеска почна судењето на 46 обвинети припадници на исламистичката група „Шеријат за Белгија“ за припадност кон терористичка организација и за регрутирање млади за џихад во Сирија, со што е отворен најголемиот случај против исламистичкиот екстремизам во оваа земја.

Сите обвинети се белгиски државјани од арапско или турско потекло, иако само осум обвинети беа присутни во судницата во северниот белгиски пристанишен град Антверпен, додека останатите и натаму, како што се наведува, се наоѓаат во Сирија, пренесоа британските медиуми.

Обвинителите наведоа дека групата ја предводи 32-годишниот Фуад Белкацем, портпарол на „Шеријатот за Белгија“, штотуку распуштената организација на салафистите.

Главнообвинетиот не престојувал во Сирија, за разлика од повеќето останати обвинети, но обвинителите навеле дека Белкацем бил „главниот човек“ кој стоел зад организацијата.

-Зборовите на Белкацем можат само да се толкуваат како повик на насилство и џихад, рече обвинителката Ен Франсен и наведе дека како доказ имаат долга листа говори и видео снимки во кои обвинетиот ги изнесувал своите ставови за џзихадот.

Обвинителите детално опишуваат како припадниците на групата им приоѓале на младинци и на неколкумина тинејџери на улиците на Антверпен и Вилвурд за да ги повикаат во нивниот центар во Антверпен, каде биле индоктринирани и подготвувани за патувања во Сирија, со „јасна цел да ги подготват за вооружена борба“.

Во Сирија овие „регрути“ им се приклучувале на организациите како Џабхат ал Нусра и сличните организации инспирирани од Ал Каеда, кои подоцна се претворија во „Исламска држава“, наведоа белгиските обвинители во случајот.

Денешното судење во Антверпен следи откако пред четири месеци вооружен напаѓач уби четири лица во престрелка во Еврејскиот музеј во Брисел, случај во кој белгиските власти наведоа дека осомничениот Французин Мехди Немучи најголемиот дел од 2013 година го минал во борбите во Сирија.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски