Откриено тајно досие за Хитлер

Од:

Минатата недела „Политико“ и „Америка денес“ објавија тајна студија на Пентагон од 2008 година во која пишува дека рускиот претседател Владимир Путин, боледува од Аспергеров синдром, една форма на аутизам.

Меѓутоа познато е дека рускиот претседател не е единствениот кој бил на скенерот на Американците. Централно разузнавачката агенција ЦИА има долга историја за правење на психолошки и политички профили на меѓународните личности, меѓу кои и за нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.

hitlerrrr

Во 1943 година, Канцеларијата за стратешки служби на ЦИА нарачала од психолошката клиника на Харвард, да направи проценка на личноста на Хитлер врз основа на набљудување.

Во извештајот на 240 страници, Хенри Мареј и неговите колеги заклучиле дека германскиот лидер бил несигурен, импотентен, мазохист, склон кон самоубиства и невротичен нарцис, кој себеси се гледал како „уништувач на застареното еврејско супер его“.

hitlerrrr1

Меѓутоа постои мало несогласување помеѓу професионалните дури и помеѓу аматерските психолози во врска со тоа дека Хитлер е пример за неутрален тип, кој се карактеризира со интензивни напори за надминување на раниот инвалидитет, слабости и понижувања.

Во извештајот исто така се наведува дека нацистичкиот водич страдал од „хистерично слепило“ додека бил војник во Првата светска војна.

„Ова психосоматско заболување започнало истовремено со поразот на Германија и тоа откако слушнал за капитуацијата. Тогаш добил визија дека негова задача е да биде спасувач и одеднаш му се вратил видот-стои во американската студија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Во Франција уапсен млад следбеник на Хитлер, кој планирал масовно убиство во неговото средно училиште и џамија

Германски полицајци суспендирани откако се зачлениле во онлајн клуб на обожаватели на Хитлер

Жарко Настоски

Реконструкција и пренамена на куќата на Хитлер

Ана Ололовска

Либанец откупи нацистички предмети за 600.000 евра

Ана Ололовска

Родната куќа на Хитлер станува полициска станица

Ана Ололовска

ФБИ ги истражувало наводите за бегство на Хитлер во Аргентина

Ана Ололовска