Откриени лични податоци на најважните светски лидери

Од:

Австралиското имиграциско одделение случајно ги открило личните податоци на светските лидери, кои учествуваа на последниот самит на Г20, бидејќи не сметало дека е потребно да ги информира лидери за повреда на приватноста.

Британски „Гардијан“ тврди дека знае кој од вработените во австралиското одделение за имиграција ги испратил броевите од пасошите, визите и другите идентификациски податоци на сите светски лидери кои присуствуваа на самиот Г20 во Бризбејн.

Американскиот претседател Барак Обама, рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, кинескиот претседател Кси Џинпинг, индискиот премиер Нарендра Моди, јапонскиот премиер Шинзо Абе, британскиот премиер Дејвид Камерон се само дел од светските лидери кои минатата година присуствуваа на самитот во Бризбејн.

g20-obama

Според наводите на медиумите, австралискиот комесар за приватност го контактирал директорот за визи во имиграциското одделение за да се информира за повреда на податоците.

Имено еден вработен случајно по грешка испратил порака со податоци на светските лидери до локалниот организациски одбор за Купот на Азија, кој во јануари се одржа во Австралија.

Заменик лидерот на опозицијата, Тања Плиберсек го повикала австралискиот премиер Тони Абот, да објасни зошто светските лидери не се информирани за повреда на приватноста.

-Премиерот и министерот за имиграции мора да го објаснат овој сериозен инцидент како и одлуката да не се информираат оние чии што права се повредени – изјавила таа.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа