Откриени два случаи на варијанта Омикрон во Британија

Од:

Два случаи на варијанта на коронавирус Омикрон се откриени во Велика Британија, изјави министерот за здравство, Саџид Џавид.

Тој исто така, рече дека ќе има насочено тестирање во областите каде што се пронајдени случаите – во Челмсфорд и во Нотингем.

Џавид рече дека двете лица сега се во самоизолација заедно со нивните семејства, додека се вршат дополнителни тестови.

И двата случаи се „поврзани“, додаде секретарот за здравство, а таа врска води кон јужна Африка.

Дополнително, уште четири земји се додадени на „црвената листа“ за патувања од четири часот наутро во недела: Ангола, Мозамбик, Малави и Замбија.

Џавид рече дека дознал дури „доцна синоќа“ кога бил контактиран од Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство.

Во предупредувањето дека можеби се на пат нови мерки, тој рече: „Отсекогаш бевме многу јасни дека нема да се двоумиме да преземеме понатамошни активности доколку тоа е она што се бара“.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон