Нова истрага за сексуални злосторства врз деца од 18 детски прифатилишта во северен Велс во периодот 1965-1992 година доведе до откривање на 84 осомничени и идентификување на 140 жртви.
Поднесени се 140 жалби за сексуална злоупотреба на девојчиња и момчиња на возраст од 7 до 19 години против 84 лица, од кои 75 мажи и 9 жени. Новата истрага, позната како операција „Палил“, почна во ноември по извештајот на Би-Би-Си според кој претходната не успеала да го открие степенот на малтретирање на децата во прифатилишта. Претходната истрага заврши во 2000 година.
Полицијата соопшти дека истрагата продолжува и ги повика сите што располагаат со информации да ги откријат на властите.