Откриена тајната за смртта на Гагарин

Од:

Космонаутот Алексеј Леонов ја откри причината за смртта на Јуриј Гагарин, првиот човек кој што ја посети вселената.

Гагарин загинал во авионска несреќа во 1968 година, откако со авионот МИГ -15 се обидел да го избегне авионот кој што летал во негова непосредна близина, а не јатото птици или метеоролошкиот балон како што велеше досегашната верзија.

Причината за несреќата за прв пат официјално е објавена, а за неа зборуваше познатиот космонаут Леонов, кој инаку е член на комисијата која ја истражува смртта на Гагарин.

Леонов дваесет години се обидуваше да добие дозвола да ги изнесе деталите за официјалната истрага за смртта на првиот космонаут и на тој начин ја реши мистеријата која што ја пратеа бројни шпекулации.

Државната комисија утврди дека екипажот на пробниот лет на авионот МИГ-15 УТИ во кој биле Гагарин и инструкторот Владимир Серјогин, се обиделе да го избегнат авионот СУ -15 кој во еден момент премногу им се доближил.

-Пилотот на авионот СУ -15 не ги почитуваше прописите спуштајќи се на висина од 450 метри. Го знам тоа бидејќи присуствував на инцидентот, а зборував и со другите очевидци. СУ -15 додека се спушташе се доближи до авионот на Гагарин и тоа на само 10 до 15 метри , во облаците, изјави Леонов, кој доби одобрување да раскаже што се случило, но под услов да не го открие идентитетот на пилотот на авионот СУ -15 кој што ја предизвика несреќата.

Единствено што се знае е дека пилотот сега има 80 години и е со нарушено здравје.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ