Откриена тајна колекција на Нил Армстронг

Од:

Првиот човек кој стапна на Месечината, американскиот астронаут Нил Армстрог имал тајна колекција на предмети што ги собрал при патувањето до земјиниот природен сателит.

Како што објави телевизијата Еј-Би-Си, колекцијата на собраните предмети ги пронашла вдовицата на Армстронг по неговата смрт во 2012 година.

– Примив писмо од Керол Армстронг дека во еден од плакарите на Нил пронашла бела платнена вреќа во која имало предемети кои изгледале како да се од вселенско летало, напиша на својот блог претставникот на Одделот за историја на Вселната при Националниот воздухопловен и всленски музеј „Смитсониан“, Алан Нидел.

Вреќата била дел од опремата на леталото „Аполо 11“ со кое Армстронг слета на Месечината.

Експерти на НАСА соопштија дека со „апсолутна сигурност“ може да се потврди дека предметите најдени во вреќата биле користени на „Аполо 11“, додавајќи дека тие имаат непроценливо историско значење.

Меѓу пронајдените предмети има кабел, ремен, камерата со која е снимано слетувањето на Месечината, како и други предмети кои, според Нидел, требало да останат во Вселената.

– Колку што знаеме Нил никому не кажал дека ги чува овие премети и освен него никој друг не ги видел во последниве 45 години по неговоот враќање од Месечината, додаде Нидел.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ