Меѓународен тим на науници ја открија првата комета во 2015 година, соопшти денеска Европската вселенска агенција (ЕСА) на својот профил на Твитер.
Во соопштението се посочува дека тимот бил составен од научници од ЕСА и од американската Национална аеронаутичка и вселнска администрација (НАСА).
Кометата била откриена со помош на камера на инструментот ЛАСКО на Соларната хелиосферна опсерваторија (СОХО), што кружи околу Сонцето.
Новата комета се уште нема име.