Откриена огромна тајна руска воена база: „Планираат огромни напади“

Од:

Русија произведува илјадници ирански нападни беспилотни летала во огромна тајна воена база, покажуваат објавените документи. Инженерите во објектот Алабуга во Татарстан, на околу 800 километри источно од Москва, имаат за цел да произведат околу 6.000 од подобрените дронови до 2025 година, објави Вашингтон пост.

Иако производството доцни, експертите веруваат дека тоа може да значи дека стотици беспилотни летала Шахед ќе бидат насочени кон украински цели во исто време, наместо десетиците што моментално се користат во нападите. Документите покажуваат дека вработените, од кои на некои им биле одземени пасошите за да ги спречат да ја напуштат државата, користат кодни имиња за да се повикаат на проектот. Дроновите се „чамци“, експлозивните полнења се „браници“, додека Иран наизменично е „Ирска“ или „Белорусија“.

Програмата беше строго чувана државна тајна и покрај тоа што се одвиваше во објект со големина од 14 фудбалски игралишта, кој треба дополнително да се прошири.

Трифазната програма започна во 2023 година. Демонтираните дронови од Иран се надградуваат во Алабуга. Моментално се во втората фаза, самите ги произведуваат куќиштата, но ги опремуваат со иранска електроника. На почетокот на следната година, објектот ќе започне со производство на беспилотни летала со руски материјали и компоненти.

Инженерите на Алабуга очигледно ги надградиле увезените дронови, правејќи ги водоотпорни и заменувајќи ги несигурните кинески компоненти. Тие планираат да ги направат способни да извршат заеднички напад на цел и имаат намера масовно да ги произведуваат овие модели со повисок стандард од оригиналниот Шахед.

Поранешниот инспектор за оружје на ОН, Дејвид Олбрајт, верува дека до следната година Русија „од повремено лансирање на десетици увезени беспилотни летала Шахед-136 камикази против украински цели би можела да премине на поредовни напади со стотици авиони“.

Оваа недела, Министерството за одбрана на Обединетото кралство објави дека Москва речиси сигурно распоредила домашни беспилотни летала базирани на иранскиот модел Шахед.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски