Телескопот Хабл на НАСА откри нова минијатурна месечина во орбитата на Нептун. Месечината наречена S/2004N1 е широка околу 20 километри, одалечена е од Нептун 105.000 километри, а кружи околу него на секои 23 часа.
Новоткриената месечина, што ја регистрирал астрономот Марк Шовалтер од Институтот СЕТИ во Калифорнија, е толкумала што не успеал да ја забележи ниту „Војаџер 2“ кој во 1989 година го истажувал Нептун и неговите сателити и прстени.
S/2004N1 е 14-та позната месечина на Нептун и е 100 милиони пати помалку сјајна од најслабо видливата ѕвезда со голо око.
Нептун е 17 пати поголем од Земјата и 30 пати поодалечен од Сонцето.