Астрономите пронајдоа досега најмала планета надвор од Сончевиот систем. Планетата „Кеплер – 37Б“ се наоѓа на надворешниот раб на нашиот соларен систем и голема е приближно како Месечината.
Планетата ја откри американскиот вселенски телескоп „Кеплер“ што НАСА го лансираше во 2009 година со задача да бара планети слични на Земјата.
Температурата на новооткриената планета е премногу висока за да може да постои живот како на Земјата. Научниците проценуваат дека температурата на површината изнесува 371 степен Целзиусов. „Кеплер-37Б“ нема атмосфера, ниту површинска вода.
НАСА во меѓувреме го продолжува трагањето по планета со големина на Земјата во т.н. „Златокоса зона“ на која би можело да има услови за живот – да не е премногу топло ниту ладно и да има вода.