Истражувачите идентификуваа моќна комбинација антивирусни лекови за лекување на ковид 19. Комбинацијата на брекниар со ремдесивир или молнупиравир одобрен од американската Администрација за храна за итна употреба, го инхибира вирусот САРС-КоВ-2 кај човечките респираторни клетки и кај глувците, покажала новата студија спроведена од истражувачи од Медицинскиот факултет Перелман на Универзитетот во Пенсилванија и Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд.
Наодите, објавени во списанието Nature, сугерираат дека овие лекови се помоќни кога се користат во комбинација отколку поединечно.
„Иако сè уште не се тестирани во клинички испитувања, комбинациите на лекови идентификувани во нивната студија имаат потенцијал да станат многу ветувачки третмани за Ковид 19“, рвели д-р Сара Чери, професор по патологија и лабораториска медицина и водечки истражувач во проектот
„Идентификувањето на комбинации на антивирусни лекови е навистина важно, не само затоа што може да ја зголеми јачината на лековите за коронавирус, туку комбинирањето лекови, исто така, го намалува ризикот од отпорност“, вели Чери, а пренесува Technology.
Истражувачите идентификуваа 122 лекови кои покажаа антивирусна активност и селективност против коронавирусот, вклучително и 16 нуклеозидни аналози – најголемата категорија на антивирусни лекови што се користат клинички.
Меѓу 16-те беа ремдесивир кој се дава венски, а беше одобрен од ФДА за третман на ковид, и молнупиравир, орална пилула одобрена за употреба во декември.
Исто така, меѓу 122 кандидати за лекот, истражувачите идентификуваа панел од инхибитори на биосинтезата на нуклеозидот на домаќинот, вклучувајќи го и експерименталниот лек Брекинар.
Брекинар моментално се тестира во клинички испитувања како лек за Ковид 19 и како дел од потенцијалната комбинирана терапија за некои видови на рак.
Истражувачите ги тестирале лековите кај клетките на белите дробови, како и кај глувците, и откриле дека овие комбинации се многу ефикасни против неколку видови на коронавирус, вклучително и делта варијантата.
Следен чекор за научниците сега е клиничкото тестирање на оваа комбинација лекови.