• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Свет

Откриена е педофилска мрежа во Франција, уапсени се 55 мажи, меѓу нив свештеник и медицинска сестра

by А1он22/05/2025 - 18:52130
Share0

Дури 55 мажи беа приведени во Франција како дел од голема операција за разбивање на педофилска мрежа што работеше преку шифрирани пораки на Телеграм, објави Канцеларијата за малолетничка правда по завршувањето на десетмесечна истрага.

Добивај вести на вибер

Обвинетите, на возраст меѓу 25 и 75 години, меѓу кои свештеник, медицинска сестра, „добри татковци“, професор по музика и самохрани мажи, разменувале пораки на Телеграм и биле во контакт со „особено опасни“ педофили кои се во затвор од минатото лето, изјави Квентин Беван, раководител на одделот за операции во Канцеларијата за малолетници (OFMIN).

Сеопфатната операција започна минатото лето со апсење на педофилски криминалци кои злоупотребувале деца и ги објавувале своите злосторства на Телеграм.

Инспекторот Беван истакнува дека работната група посветено работела 10 месеци за да открие докажани педофили, а за време на операцијата биле пресретнати илјадници пораки, слики и друга содржина за сексуална злоупотреба на деца.

Тој тврди дека „Телеграм останува привилегирана платформа за педофили“. Беван признава дека има напредок во однос на соработката меѓу истражителите и платформата во ова прашање по апсењето на Павел Дуров, раководителот на Телеграм, минатото лето, но дека Телеграм сè уште „едвај ги исполнува минимумот од своите законски обврски“ во борбата против педофилите.

francijapedofili

Би можело да ве интересира

Франција го напаѓа Руте: Ја понижува Европа за да му се додворува на Трамп

Горан Наумовски27/01/2026 - 22:07

Франција за тврдењето на Трамп: „ЛАЖНИ ВЕСТИ“

Горан Наумовски21/01/2026 - 19:53

Баро: САД да престанат да ја уценуваат Данска за Гренланд

Горан Наумовски11/01/2026 - 22:04

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Горан Наумовски05/01/2026 - 19:21

Порака од Франција: Американскиот напад врз Венецуела е спротивен на принципите на меѓународното право

Предраг Петровиќ03/01/2026 - 18:27

Дуров: Макрон ја претвора ЕУ во дигитален гулаг

Горан Наумовски25/12/2025 - 07:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен