Откриена атмосфера на егзопланетите

Од:

Со помош на вселенскиот телескоп „Хабл“ астрономите забелжаа драматични промени во атмосферата на планетите надвор од нашиот сончев систем. Набљудувањето даде нов увид за промените на климата и информации за времето на овие далечни небесни тела.

Испитувањата беа извршени со цел да се провери дали во друг планетарен систем постои испарување на екстрасоларните планетни атмосфери.

На планетата HD 189733б има сино небо, но е единствената сличност со земјата.

По изгледот и по составот таа повеќе е слична на Јупитер, голема е и полна со гас, се наоѓа многу блиску до нивните ѕвезди. Нејзиното сонце е малку помало од нашето, но близината до него прави температурата да достигне дури и до 1.000 степени целзиусови. Горниот дел на планетата е прилично оштетен поради ултравиолетовото зрачење. Со тие услови планетата е одличен пример за проучување на влијанието на ѕвездите на атмосферата, велат истражувачите.

Првото набљудување направено од 2010 до 2011 година не даде некои конкретни резултати и не покажа никакви траги од атмосфера на планетата. Новите мерења, направени по само една секунда снимање укажале на драматични промени. Поточно, се покажувале јасни облаци од гас исфрлени од планетата со брзина од 1.000 тони во секунда.

Се верува дека ова испарување е поради екстремните ултравиолетови зрачења од нејзиното сонце, кое е 20 пати помало од нашето Сонце. Имајќи ја превид и близината се добива бројка од 3 милиони пати посилни зрачења отколку на Земјата.

Истражувачите претпоставуваат дека овие зраци најверојатно се предизвикани од атмосферските промени, кои се гледаат на HD 189733б. Но, оставаат опција и за други можни објаснувања, т.е. дека и претходно постоеле, но поради непознати причини апаратите не ги забележале.

Тие се надеваат дека во иднина со помош на „Хабл“ ќе можат да ја комлетираат својата студија за проучувањето на планетата слична на Јупитер.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ