Откриено е уште едно тело на фериботот „Норман Атлантик“, на кој избувна пожар на 28 декември на пат од Грција за Италија. Фериботот по долга спасувачка операција беше одвлечен до пристаниште во Италија, јави ТАСС.
Телото е пронајдено на четвртата палуба на бродот. Со тоа вкупниот број на жртви во трагедијата се искачи на 12 лица.
За време на пожарот на бродот, што избувна на 28 декмеври минатата година се наоѓале вкупно 499 лица. Спасувачката операција траеше еден ден и во неа загинаа двајца албански морнари.
Бродот моментално се наоѓа во пристаништето Бриндизи, во Италија, каде беше одвлечен по спасувачката операција. Според италијанските власти, кои ја водат истрагата, меѓу 11 и 15 лица, што патувале со фериботот се водат за исчезнати.