Научниците се загрижени поради појавата на нова варијанта на коронавирусот во јужна Франција.
До откритието дошле откако 12 пациенти во истиот регион биле позитивни, а нивните тестови покажале „нетипична комбинација“, пренесуваат медиумите.
Експертите сумираат дека случајот можеби дошол од Камерун, бидејќи првата заразена личност стигнала од патување во таа земја.
Експертите велат дека идентификувале „46 мутации“ во оваа варијанта, која го добила називот „B.1.640.2.“.
Неговото присуство први го откриле експерите од Марсеј.
Она што ја прави варијантата поопасна е нејзината способност да се репродуцира поради бројот на мутации што ги има во однос на оригиналниот вирус. Останува да се види во која категорија ќе спаѓа оваа нова варијанта.
Франција објави 219.126 нови инфекции во саботата, со што стана шестата земја во светот што надмина вкупно 10 милиони регистрирани случаи на Ковид.