Откриен ист систем како сончевиот

Од:

Соларен систем на планетите подредени токму како во нашиот Сончев систем е откриен на оддалеченост од илјада светлосни години од Земјата.

Научниците од Универзитетот во Масачустес пронајдоа група планети кои изгледаат како одраз на нашиот соларен систем во огледало, а нивните орбитални линии се паралелни со екваторот на планетата Кеплер-30 околу која ротираат.

Во овој соларен систем има само три планети, за разлика од осум колку што се во нашиот, но ова е прв пат оваков вид порамнување да е откриен во било кој систем надвор од Сончевиот.

Професорот Дрејк Деминг од Универзитетот Мериленд рече дека е во прашање фасцинантно откритие кое луѓето ќе ги поттикне да продолжат со истражување на Вселената и ќе им помогне на научниците да откријат повеќе детали за настанокот на светот.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска