Откриен идентитетот на топлес агентот на ФБИ кој го разоткри секс скандалот на шефот на ЦИА

Од:

Конечно е откриен идентитетот на можеби најживописниот лик во замрсениот секс-скандал кој ги потресува САД – агентот на ФБИ кој го откри целиот случај на љубовницата на шефот на ЦИА Дејвид Петреус, а потоа ги испраќаше голите фотографии на својот извор, на убавата и фатална службеничка Џил Кели. Станува збор за агентот Фредерик В. Хемфриз втори.

Целиот скандал започна кога ФБИ започна истрага по жалбата на Џил Кели дека добива заканувачки пораки од една жена (ќе се испостави, љубовницата на Петреус Пола Бродвел) во која и порачува да “отстапи” од “нејзиниот човек”, генералот Дејвид Петреус.

Петреус после тоа поднесе оставка на местото директор на ЦИА, а јавноста постојано дознава нови детали за бурниот љубовен и социјален живот на генералот Петреус, како и на неговите колешки, пријателки и љубовници.

Адвокатите на Хемфрис тврдат дека голишавите фотографии кои ги испратил нивниот клиент Џил Кели биле “шега”.

Секако еден од најбизарните детали е податокот дека агентот на ФБИ, кој ја водел истрагата за заканувачките мејлови на љубовницата на Петреус, Пола Бродвел наводната соперничка на Џил Кели, во еден момент почнал на Кели да и испраќа фотографии на кои е гол до појас.

Агентот Хемфрис по обелоденувањето на овие детали е одстранет од случајот, со образложение дека станал “опседнат со случајот.”

“Опседнатоста” со убавата Џил Кели се споменува и во случајот на генералот Џим Aлен, ФБИ откри меѓу 20.000 и 30.000 страници на “потенцијално несоодветена” преписка со Kели.

Адвокатите на Хемфриз тврдат дека нивниот клиент никогаш не работел на тој случај, а дека фотографиите што тој ги испратил на Џил Кели биле само “шега”.

– Оваа слика и беше испратена на г-ѓа Кели неколку години пред таа контактирала со него по овој повод, а испратена е како дел од еден поширок контекст кој јас би го нарекол социјалени односи, во кој членовите на двете семејства разменија слики – изјави за “Њујорк тајмс” адвокатот Лоренс Бергер .

Би можело да ве интересира

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ