Откриен идентитетот на осомничените за нападот во Шарли Ебдо

Од:

Продолжува интензивната потера за пронаоѓање на двете лица за кои постојата сомневања дека го извршиле нападот во неделникот Шарли Ебдо во Париз, во кој загинаа 12 лица и уште неколку се во животна опасност, јавува дописникот на МИА од Париз.

Во вечерните часови француските власти го открија идентитетот на двајцата браќа Шериф и Саид Куачи, за кои се на мислење дека тие го спровеле нападот. Тие се на возраст од 32 и 34 години. Додека 18 годишното лице Хамид Мурад за кое постои сомневање дека е нивни соочусник самиот и се предаде на полицијата во Шарлевил-Мезие. Соред некои сведоци Хамид Мурад е брат на сопругата на еден од главните осомничени.

Според француската телевизија „и-Теле“, можно е Мурад да и се предал на полицијата бидејќи има алиби дека не е виновен. Негови пријатели тврдат дека во моментот на нападот тој се наоѓал во училиште. Полицијата ги проверува информациите

Околу 23 часот, полицијата која изведе повеќе акции со помош на специјаците за брзи интервенции (РАИД), исто како и апсења на нивни блиски во Ремс.

За да ја забрза истрагата полиција во текот на ноќта дифузираше повик за сведоци со фотографиите на двата браќа. За Шериф и Саид Куачи постојат сомневања дека се вооружени и опасни, предупредува полицијата.

Истражните органи многу брзо ги идентификуваа напаѓачите, откако открија една лична карта во автомобилот Цитроен 3 кој беше напуштен во близината на Порт де Пантан од терористите за време на нивното спектакуларно бегство низ Париз.

Двата браќа се родени во Париз и и се познати на полицијата и судските власти. Родени во Париз во 10 арондисман, Шериф Куачи, помладиот од двата браќа чии родители биле со потекло од Алжир, најпрво имал минато на мал деликвент, пред да се радикализира, кога започна да оди во џамијата во квартот Сталинград во Париз. Поддржан од еден проповедач кој ја осудуваше воената интервенција на САД во Ирак, работејќи како доставувач на пици и покрај дипломата за воспитувач, се дружел со лица на радикални лица кои се подготвувале да заминат во џихад. Тие задено спортувале во паркот во Бут-Шомон и биле запознати како се ракува со оружје и посебно калашников.

Шериф Куачи беше уапсен во јануари 2005 кога се подготвувал да замине за Дамаск со надеж да премине во Ирак за да се бори против западните сили. Тој самиот го раскажа своето патешествие во корекционелниот суд во Париз, при судењето во 2008 година, со обвинение за „здружување во криминална група со цел да подготвува терористички акти“. На судењето тој се појави исто како и дргите лица слободен и беше осуден на три години затвор од кои 18 месеци условен и во изјава за „Либерасион“ рекол дека „бил задоволен што бил фатен од правдата пред да замине да умре во Ирак“.

Две години подоцна, тој повторно беше обвинет за „здружување во криминална група во врска со терористички потфат“. Обвинителството се сомневаше дека се подготвувал заедно со други лица бегство од затворот Клерво на едно од лицата кое беше вклучено во атентатите во 1995 година во Франција. Тој тогаш беше ослободен од обвиненијата. Истражните органи утврдија во таа прилика дека бил во врсак со Џамел Бегал фигура на радикалниот ислам во Франција.

Додека потерата траеше, низ цела Франција се одржаа собири на солидарност во знак на солидарност со жртвите на терористичкиот напад.

Во Франција денеска е Ден на жалост

Во Франција денеска е Ден на жалост во знак на сеќавање за убиените во вчерашниот напад на исламистите во редакцијата на сатиричниот весник „Шарли ебдо“ во Париз.

Францускиот претседател Франсоа Оланд најавувајќи го денешниот Ден на жалост, истакна дека во овие моменти во оваа земја „единството е главното оружје“.

Во телевизиското обраќање Оланд додаде дека во текот на следните три дена знамињата во Франција ќе бидат спуштени на половина копје, пренесоа француските медиуми.

– Слободата секогаш ќе биде посилна од варварството, истакна францускиот претседател.

Вооружени маскирани напаѓачи вчера упаднаа во редакцијата на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ во Париз, познат по карикатурите на исламските лидери, и притоа убија најмалку 12 лица, од кои 10 новинари и двајца полицајци, по што избегаа.

Ова е најсмртоносниот терористички напад во Франција во последните 40 години.

Франција го зголеми нивото на терористичка закана до максимален степен и распореди над 800 дополнителни војници, кои ќе ги обезбедуваат медиумите, религиозни објекти, транспортот и други места, кои би можеле да бидат евентуална мета на напад.

Би можело да ве интересира

Франција: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен