Откажани над 1.000 летови на „Луфтханза“ поради штрајк на персоналот

Од:

Над 1.000 летови на германската авиокомпанија „Луфтханза“ денеска беа откажани поради еднодневниот штрајк на персоналот на аеродромите во Германија.

Околу 134.000 патници мораа да ги променат плановите за патување или целосно да ги откажат летовите.

Најмалку 47 поврзувачки летови вчера беа откажани, јави ДПА. Најпогодени се главните центри на „Луфтханза“ во Франкфурт и Минхен, но откажани се летови и во Дизелдорф, Хамбург, Берлин, Бремен, Хановер, Штутгарт и Келн.

Авиокомпанијата испрати и соопштение во кое ги советуваше патниците да не ни доаѓаат на аеродромите, бидејќи повеќето шалтери нема да работат.

Синдикатот вчера го најави штрајкот во обид да го зголеми притисокот врз „Луфтханза“ во преговорите за згоелмување на платите на околу 20.000 аеродромски работници.

Авиосообраќајот во Европа веќе извесно време е во колапс поради зголемениот број патници и недостигот на персонал на аеродромите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Договор со „Луфтханза“ и „Виз Ер“ за субвенционирани летови до Франкфурт, Луксембург, Штутгард, Салцбург и Љубљана

„Луфтханза“ ќе почне да лета од Франкфурт до Скопје од април 2023

Еуровингс откажа околу 300 летови, пилотите штрајкуваат

Горан Наумовски

Германската држава ги продаде акциите во авиокомпанијата „Луфтханза“

А1он

Штрајк во Луфтханза, откажани повеќе од 1000 летови

Луфтханза го загуби спорот за државна помош за аеродром

А1он