Откажани летови и 600 километри колони на автопатите во Германија

Од:

Најмалку 50 летови изутринава се откажани поради снег на најфреквентниот германски аеродром во Франкфурт, а слична е ситуацијата и во Берлин и на други германски аеродроми, јавија германските медиуми.

Во најбројната германска покраина Северна Рајна Вестфалија со над 18 милиони жители се регистрирани колони возила во вкупна должина од 600 километри, што претставува рекорд за оваа година.

Денешните снежни врнежи предизвикаа голем метеж во сообраќајот низ цела Германија, додека аеродромските власти во Франкфурт соопштија дека не можат да дадат проценка за тоа каква ќе биде ситуацијата до крајот на денот во однос на откажаните летови.

Би можело да ве интересира

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он