Откажана посетата на Јункер на Париз

Од:

Утрешната посета на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во францускиот парламент е откажана поради кризата со „Жолтите елеци“.

Претседателот на францускиот парламент, Ришард Феран, потврди денеска дека посетата на Јункер ќе биде одложена. Јункер требаше да се обрати пред француските пратеници од Долниот дом и да одговара на нивните прашања.

-Оваа одлука, донесена согласно претседателите на сите политички групи, ќе овозможи да се даде приоритет на седница посветена на актуелните прашања до влада, соопштија од францускиот парламент.

Јункер требаше да одржи и работна вечера со францускиот претседател Емануел Макрон. Нејасно е дали оваа вечера, исто така, е откажана или одложена.

Франција веќе три недели се соочува со сѐ понасилни протести на граѓани познати како “Жолтите елеци“ кои бараат да се понишатат одлуките за зголемување на таксите за дизелот.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт