Филипионски локален функционер добил отказ откако на Фејсбук биле објавени негови фотографии.
Локалниот претставник во Нуева Есих, Мејнардо Валдез, без дозвола од претпоставените, ја затворил канцеларија на четири дена за да оди на годишница од матура.
За да не биде откриен не се јавувал на повиците и пораките од претпоставените кои го барале затоа што не испратил дневен извештај. Кога се обиделе да го контактирираат преку Фејсбук, ги виделе фотографиите на кои Мејнардо со екипата од средно училиште се забавува.
„Вработениот грубо го прекрши кодексот за работа, ги запостави свои должности и ги излажал претпоставените, поради што е отпушен“, изјави неговиот шеф, Хозе Фабија.