Откако не и даде политички азил, Чешка и дозволи постојан престој на поранешна украинска порно актерка

Од:

Поранешната украинска порно актерка Анастазие Хагенова, која требаше да биде протерана од Чешка поради тоа што во јули и беше одбиено барањето за добивање политички азил, може да остане во земјата, јави дописникот на МИА од Прага.

Ова, доаѓа по одлуката на Министерството за внатрешни работи, кое на мајката на три деца на крајот и дозволи постојан престој во Чешка каде под псевдоним била една од најголемите ѕвезди на филмовите за возрасни на постсоветскиот простор.

Хагенова, во земјата живее околу две години и неколкупати неуспешно барала политички азил тврдејќи дека во Украина ја чека притвор и одземање на децата.

Својата татковина ја напуштила откако била обвинета за ширење на порнографија, што таа го негира и тврди дека е жртва на влијателни луѓе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски