Отингер: Германија ќе треба да плаќа повеќе за ЕУ по Брегзит

Од:

Европскиот комесар Гинтер Отингер најавува дека Германија и другите главни спонзори на европскиот буџет ќе треба да издвојат значителна сума за пополнување на дупката што ќе се отвори по заминувањето на Велика Британија од ЕУ.

Во интервју за весникот „Ханделсблат“ Отингер вели дека сумата од девет милијарди евра којашто сега ја плаќа Велика Британија не може да се надополни само со кратење на буџетот на ЕУ, како што тоа предходно го побара Германија.

Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, според извештај на германското министерство за финансии Германија во 2019 и 2020 година ќе треба да издвојува дополнителни 4,5 милијарди евра за да се пополни дупката од Брегзитот. Во моментов Берлин дава 15 милијарди евра годишно во заедничкиот буџет што ја прави најголем донатор на европските институции.

Отингер најави дека ќе се прават сериозни кратења во субвенциите за земјоделие но тие не можат да бидат доволни со оглед на зголемувањето на трошоците во областите како справување со мигрантите и заедничката одбрана. Германија во 2016 година оствари суфицит во федералната каса од 7,7 милијарди евра а на ниво на општини и покраини вишокот изнесува 23,7 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он