Бомбаш-самоубиец се крена во воздух на влез во Суд во пакистанскиот град Шабкадар, при што загинаа најмалку осум лица, а 27 се ранети.
Високиот полициски претставник Сохаил Калид изјави дека тројца од убиените се полицајци.
Припадници на војската и полицијата пристигнале на местото на несреќата. Ранетите се префрлени во околната болница.
Очевидци изјавија дека напаѓачот прво се обидел да влезе во зградата на Судот, но бил спречен од обезбедувањето и тогаш тој го активирал експлозивот што го носел со себе.
Шабкадар се наоѓа на околу 150 километри северозападно од Исламабад, во близина на племенската област Мохмад, која изминатите денови беше цел на неколку напади.