Осуммина загинати во експлозија на мина во Кенија

Од:

Седум полицајци и еден цивил се убиени денеска кога нивното возило минало врз нагазна мина на патот што води долж северниот брег на Кенија, соопшти кениската полиција.

Одговорноста за нападот ја презеде сомалиската исламистичка милитантна група Ал Шабаб, пренесоа британските медиуми.

Полицијата наведува дека кениските сили за одбрана сега ја чешлаат целата област, а телата на настраданите се однесени од местото на експлозијата.

Минатата недела во три слични експлозии во непосредна близина на границата со Сомалија погинаа 11 кениски полицајци.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“