Осуммина загинати при напад во Авганистан

Од:

Најмалку осум лица загинаа, а 15 се повредени при напад со автомобил-бомба во авганистанската провинција Хелманд.

Нападот се случи во главниот град на провинцијата Хелманд, Лашкар Гах, а мета биле авганистанските војници.

Претседателот на провинцискиот совет Мохамад Карим Атал изјави дека петмина од загинатите се војници, а меѓу повредените има две жени и три деца.

Нападот бил изведен пред филијала на „Кабул банк“, каде војниците ја подигнувале платата.

Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан