Осумгодишно момче сослушано поради тероризам

Од:

Француската полиција сослушала осумгодишно момче поради неговите коментари за поддршка на терористи, соопштија властите.

Како што пренесе „Франс прес“ момчето од Ница одбило во своето училиште да им одаде почит со една минута молк на жртвите во редакцијата на „Шарли ебдо“.

Неговиот наставник исто така навел дека детето изразило солидарност со напаѓачите.

-Во тој контекст, директорот на училиштето одлучил случајот да го пријави во полиција – изјави Марсел Отије, официјално лице задолжено за јавна безбедност во тој регион на Франција, истакнувајќи дека против момчето не е поднесена тужба.

Тој додаде дека момчето со неговиот татко се повикани во полиција за да се обидат да разјаснат како осумгодишно дете може да има такви радикални идеи.

Како што пренесе француската агенција, адвокатот на момчето на „Твитер“ напишал дека кога полицајците го прашале што значи тероризам, момчето одговорило дека не знае.

Здружението против исламофобија во Франција, соопшти дека таткото и синот се во шок поради третманот во полиција и дека тоа ја илустрира колективната хистерија која ја зафати Франција по нападот на редакцијата на сатиричниот неделник „Шарло ебдо“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата