12 жртви, над 380 повредени во иранскиот напад на Израел

Од:

Министерството за здравство на Израел објави дека во последните 24 часа се убиени 12 лица, со што вкупниот број на жртви се искачи на 15 – вклучувајќи ги и тројцата кои беа убиени во иранските напади вчера наутро.

Според министерството, 385 повредени лица биле примени во болници во текот на ноќта.

Од нив, седум се во сериозна состојба, 40 се во умерено сериозна состојба, а 298 имаат полесни повреди.

Дополнително, 14 лица побарале помош поради симптоми на анксиозност.

Иран синоќа започна нов бран ракетни напади врз Израел како одговор на ненајевеното бомбардирање, а според официјалните податоци од израелските служби за вонредни ситуации, делови од централен Израел, вклучително и областа околу Тел Авив, беа цел на нападите.

Нападите се случија откако израелската војска потврди претходно дека извршила напади врз нуклеарната инфраструктура на Иран. Министерството за нафта на Иран тврди дека било погодено складиштето за нафта Шахран во Техеран.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан се закани дека одговорот ќе биде уште „потежок и посилен“ ако Израел не се повлече. Во меѓувреме, Оман потврди дека преговорите меѓу Техеран и Вашингтон за нуклеарната програма на Иран, закажани за недела, се официјално откажани.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата нагло паднаа

(ВИДЕО) Трамп се заплетка со одговорот за училиштето во Иран: Не знам доволно

Катерина Ѓуровски

Војната во Иран брзо ги исцрпува американските залихи од напредно оружје

Иранците поставија услов Европејците и Арапите слободно да минуваат низ Ормускиот теснец

Ние го одредуваме крајот на војната – Револуционерната гарда му одговори на Трамп

(ВИДЕО) Трамп во неколку часа даде контрадикторни изјави за Иран: Војната и е заврешена и е на почеток

Катерина Ѓуровски