Осум загинати во пожарот во затворот Евин во Иран

Од:

Осум затвореници загинаа во пожар што се случи во саботата вечерта во затворот Евин во Техеран, објавија денеска иранските власти нов биланс на жртви.

Во претходниот извештај имаше информации за четири загинати и 61 повреден, од кои четворица беа во тешка состојба.

„Четири повредени лица починаа во болница, со што бројот на загинати се искачи на осум“, соопштија властите, додавајќи дека жртвите се осуденици за кражба.

Голем пожар избувна во саботата во иранскиот затвор Евин, познат по тоа што во него се сместени политички затвореници, новинари и странски државјани.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје