На северот на Мексико доцна синоќа се урна мал деловен авион од типот „Хукер 800“, при што загинале сите осум луѓе кои се наоѓале во него, соопшти денеска владата на мексиканската сојузна држава Коауила.
Авионот се урнал на индустрискиот посед во општината Рамос Ариспе, се наведува во соопштението на канцеларијата на државниот обвинител на Коауила.
Во тек е истрага за причините за падот на авионот.