Во експлозија на бобма во јужниот дел на Тајланд загинаа осум војници.
Бомбата била поставен покрај пат, а експлодирала кога поминувал камион кој превезувал војници од базата Конгпинанг во провинцијата Јала.
Локалните медиуми објавија дека бомбата била тешка дури 50 килограми. Повеќе од 5.700 луѓе се убиени во речиси десетгодишниот бунт во јужниот дел на Тајланд, каде поголемиот дел од населението се муслимани, а нападите врз безбедносните сили и цивилите речиси се секојдневни.