Осум полицајци загинаа од „пријателски оган“ во Авганистан

Од:

Претставник на авганистанските власти изјави дека најмалку осум авганистански полицајци загинале од „пријателски оган“ во два американски воздушни напада во јужната провинција Урузган.

Командантот на операциите во Урузган, Рахимула Хан изјави дека во првиот напад загинал еден полицаец на контролен пункт, а во вториот напад, што се случи во истиот регион загинале уште седум.

Хан посочи дека нападите биле изведени вчера попладне во реонот на Тирин Кот, главниот град на провинцијата Урузган. Талибанците пред неколку недели почнаа офанзива врз Тирин Кот.

Американскиот бригаден генерал Чарлз Кливланд потврди дека вооружените сили на САД извршиле напади со цел да им помогнат на авганистанската полиција, која била нападната од талибанците.

Тој додаде дека нема информации за идентитетот на жртвите.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан