Американецот Мајкл Феј осум месеци работел како пилот на либиската чартер компанија „Африк Ервејз“ превезувајќи туристи кон и од лондонскиот аеродром Гетвик.
Феј кој се населил пред повеќе години во англиската област Хемпшајар, се обезбедил со лажна пилотска дозвола и со медицински сертификат дека е здравствено способен да биде пилот и да управува со патнички авион.
Се вработил во либиската чартер авио-компанија, која е во државна сопственост, летајќи кон и од Велика Британија.
Лажниот пилот сега е во бегство, а британската полиција претпоставува дека е некаде во странство, каде веројатно бара нова работа како пилот или како летачки инструктор.
Британските власти го бараат за да му судат за измама, за поседување лажни документи и за загрозување на безбедноста во воздушниот сообраќај.
Случајот со лажниот пилот Мајкл Феј е сосема идентичен со случајот со еден друг Американец, филмски обработен во филот „Фатиме ако можеш“ во кој главната улога ја играше Леонардо де Каприо.