Осум дена притвор за киднаперот на авионот

Од:

Судот во Кипар одреди денеска осум дневен притвор за Египќанецот кој вчера го киднапираше авионот „ИџиптEр“ и го пренасочи на Кипар со закана дека ќе го разнесе со експлозивен појас.

Обвинителот Андреас Ламбриану рече дека осомничениот кој властите го идентификувале како Сеиф Един Мустафа (59) е обвинет за киднапирање, нелегално поседување на експлозив и закана со насилство, пренесе Танјуг.

Вчерашната шестчасовна драматична киднаперска криза се заврши мирно кога киднаперот ги ослободи сите 72 патници и членови на екипажот.

Обвинителот Ламбриану рече дека осомничениот ја прашал полицијата „што треба да направи некој кој не си ги видел жената и децата 24 години, а египетската Влада не му го дозволува тоа“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

Силен земјотрес го погоди Кипар

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море