Судот во Алабама осуди еден државјанин на Узбекистан на 15 години затвор поради планирање на атентат на претседателот на САД, Барак Обама.
Улугбек Кодиров во февруари пред судот призна дека планирал да пука врз Обама на еден од предизборните собири.
Тој наведе дека почнал да го осмислува планот за атентатот кога преку интернет стапил во контакт со човек за кога мислел дека припаѓа на една исламистичка група од Узбекистан.
Кодиров се обидел да купи оружје, но ќовекот со кој контактирал бил агент.