Осуден поранешниот француски министер за внатрешни работи

Од:

Поранешниот француски министер за внатрешни работи Шарл Паск осуден е денеска на две години затвор, условно, за проневера во врска со една уметничка Фондација.

Кривичниот суд на Версај, во близина на Париз, му изрече и парична казна од 150.000 евра и мерка на две-годишна забрана за вршење на јавни функции.

Уште еден поранешен министер, Андре Сантини, исто така е осуден на две години затвор условно, на парична казна од 200.000 евра, со мерката за забрана да обавува јавни функции во рок од пет години.

Ним им се судеше како на поранешни шефови на организацијата “Ил-Сен-Жермен”, која требаше да изгради музеј, во замена за донацијата од 192 уметнички дела од колекционерот Жан Амон.
Музејот не е изграден, а парите се пренасочени за други намени со издавање на лажни фактури.

Колекционерот Жан Амон е осуден на две години затвор, исто така условно, парична казна од 200.000 евра и со забрана за управување со компании од пет години.

По игра на случајот, Шарл Паск, кој сега има 85 години, денеска не беше во Версај, туку на друг судски процес, во Париз, поради францускиот дел од проневерата на пари од програмата на ОН во Ирак “Храна за нафта”.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз